Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки ѝ наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им носи понадици, ги служи, им ги мие раните, им ги одврзува јажињата. По Божја Промисла беше ослободена од свирепиот маж. Царот го испрати Публиј во Персија, а тој патувајќи по морето потона. Тогаш Св. Анастасија почна слбодно да им служи на мачените христијани и своето големо наследство да го троши делејќи им милостиња на сиромасите. Еднаш царот Диоклецијан беше во градот Аквилеја и нареди да му го доведат Христовиот исповедник Хрисогон. Него по патот го придружуваше Св. Анастасија. На заповед од царот на светиот Хрисогон му ја отсекоа главата. Тогаш пострадаа и трите сестри Агапија, Хионија и Ирина (под 16 април): првите две беа фрлени во оган, а третата прострелана со стрела. Нивните тела ги зеде Света Анастасија, ги завитка во бело платно и откако ги обложи со многу аромати чесно ги погреба. Потоа отиде во Македонија и таму им помагаше на Христовите страдалници. Овде ја препознаа како христијанка и за ова ја фатија и ја водеа на сослушување и мачење кај разни судии. Сакајќи да умре за возљубениот Христос, Анастасија непрестајно во срцето ревнуваше кон Него. Еден началник на жреците Улпијан сакаше сладострасно да ја оскверни, но одеднаш ослепе и издивна. Осудена на смрт со глад Света Анастасија прележа во затворот триесет дена без храна, хранејќи се единствено со солзи и молитва. Потоа ја ставија на кораб со уште неколкумина христијани за сите да ги потопат, но Бог ја сочува и од таа смрт. Најпосле ја положија над оган да виси приврзана со рацете и нозете со четири јазли, па ја предаде својата света душа на Бога. Пострада и премина во Христовото Царство во 304 година.
Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уплашија многу и г...
Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски, Преподобен Ефтимиј Новиот и на Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици Житие ...
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св Петка) Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што в...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.