Житието на Свети Јоаким Осоговски сведочи дека тој се угледал на Игнатиј Богоносец „упатувајќи се како ѕвезда многусветла од запад кон исток, дојде во областите на планините Осоговски“.

Свети Јоаким Осоговски живеел во втората половина на 11-ти век, а умрел во почетокот на 12-ти век. Бил наречен Сарандапорски поради местото каде што живеел. Бил многу почитуван за што сведочи и неговата служба датирана во 13-ти век.
Манастирскиот комплекс на Јоаким Осоговски бил светилиште на неговиот култ независно од црковните и политичките услови низ кои поминувал осоговскиот крај.
OhridNews











