Во животот на нашиот човек посебно значајно место има празникот Вартоломеј, кај народот познат како Вртолум. Во народот се смета дека овој ден е поврзан со вртењето на сонцето. Имено се верувало дека на овој ден сонцето се врти кон зима.

Варнава (Јосиф) од Кипар е еден од седумдесетте апостоли. Името му било Јосиф, а Варнава е наречен зошто тоа значело Син на Утеха, а тој оставал впечаток на околината по тоа што ги тешел луѓето. Христијанската вера ја ширел и Евангелието го проповедал заедно со апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј кое за време на животот го препишал на рака.
Во охридско како што запишал Е. Спространов, Свети Вартоломеј бил познат како Вртолом, и од тој ден сонцето се вртело кон зима и за тоа многу жалело. Го вртеле дванаесетте апостоли, и тие исто така, многу жалеле зошто се завртувало кон зима.
Во Радовиш овој ден се сметал за тежок празник зошто од тој ден сонцето се завртува кон „зимо“. Во овој крај луѓето станувале рано пред сонце за да го видат како ќе изгрее, ќе се затемни и ќе се заврти. Се завртувало еднаш на едната потоа на другата страна. Овде на овој ден и овчарите го одредувале какво ќе биде времето. Го посматрале времето 12 часа и секој час одговарал на еден месец во годината. Поискусните овчари знаеле да ги бележат не само сонцето туку и ветерот од каде дува и со која силина, колку на небото има облаци и со која боја се и каде се движат, дали сонцето пече силно или послабо и по овие знаци погодувале какво ќе биде времето во секој месец, каква ќе биде зимата, какво летото и другите годишни времиња.
OhridNews











