Светите бесребреници Кузман и Дамјан (Козма и Дамјан) во народот познати како Свети Врачи наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност.

Легендата вели дека со успех го изучиле лекараскиот занает, а господ ги дарувал со исцелителска моќ да лекуваат секакви болести
Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина, лекување, баење…
Тие на овој празник не работат зошто во спротивно нема да им се фати лекот.
OhridNews











