Денесе се празнува споменот на Свети Филип, митрополит Московски. Еднаш како млад стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат посебно нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши.
Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот Московски во 1566 година. Но овој свет човек не можеше рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, а го советуваше и неустрашливо го изобличуваше. Царот најде лажни сведоци против Филип, го симна и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го затвори во Твер, во 1569 година на 23 декември. Маљута Скуратов, еден царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница. Но наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт. А по неколку години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го пренесоа во Соловецкиот манастир.
Тропар
На првопрестолните преемниче, столб на Православието, поборник на вистината, нов исповеднику, светителу Филипе, кој ја положи душата за паствата своја. Затоа, имајќи смелост пред Христа, моли се за престолниот град и народот, кои го почитуваат достојно твојот спомен.
Низ серијал текстови ви ги претставуваме успешните охридски приказни во изборот на Охридњуз во 2025 година кои се помесетени во 12 издание на Годишната ревија на настани Во март 2005 година како де...
Вечерта на 31 јануари, сабота, во „Ночолино“ ланџ бар & џелатерија во „Охрид мол“, е резервирана за музички страсти со Ѓоко Танески Еден од највечатливите вокали кај нас во живо ќе ги отпее нај...
Во седиштето на УЕФА денеска беше извршен ждребот за 1/16 финалето од Лигата на шампионите По драматичниот расплет во последното коло од групната фаза и голот на Трубин против Реал на истекот од вр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.