Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат.
И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но кога царот дозна дека Григориј е христијанин, се налути многу и почна да го советува да се одрече од верата Христова и да им се поклони на идолите. Кога не успеа во тоа, Тиридат го подложи Григориј на маки и после многу измачување го фрли во една длабока јама исполнета со секакви отровни гадинки за така да го умре сосема. Но Бог го сочува жив Свети Григориј во таа јама полни четиринаесет години. Потоа Тиридат го продолжи гонењето на христијаните во своето царство и удри на еден женски манастир во којшто имаше триесет и седум сестри со игуманијата Гајанија. Откако ги уби сите во страшни маки, Тиридат полуде и беше како дива свиња. На царевата сестра пак, ѝ се јави во сон некој пресветол маж и ѝ рече дека нејзиниот полуден брат нема да оздрави додека Григориј не биде изваден од јамата. Кога го избавија, Свети Григориј го исцели и го крсти Тиридат. Потоа според желбата на Тиридат Григориј стана епископ на Ерменија и со помошта на царот, а најнапред со Божјата, ја просвети цела Ерменија и околните страни со верата Христова. Својот многутруден живот Свети Григориј го заврши на длабока старост, во 335 година. На неговото место беше посветен за епископ неговиот син Аростан, којшто го продолжи делото на татко му. Аростан беше еден од 318 отци на I Вселенски Собор.
И оваа година одлична понуда на хотел „Гарден“ за претстојниот празник 8-ми Март со богато мени по исклучелна цена и добра музика Менито по цена од 1200 денари за 7-ми и 8-ми Март вклучува салата, ...
Охрид влегува во новата ера на дигитална заштита Што всушност претставува системот ‘Safe City’ На оваа тема зборуваме во новото издание на емисијата „Напладне“ со Стефан Димоски –...
По две години турнеја шоуто „Лошо Куче“ на извонредниот охридски стендап комичар Никола Тодороски ќе го доживее своето финале на 14 март во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид Со ова шоу ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.