Житието на Свети Јоаким Осоговски сведочи дека тој се угледал на Игнатиј Богоносец „упатувајќи се како ѕвезда многусветла од запад кон исток, дојде во областите на планините Осоговски“. Пустиножителството Свети Јоаким го започнал во селото Градец, во Осоговскиот крај, а потоа засегогаш се населил во една пештера во местото Бабин Дол во близината на Сарандапорската река, каде што останал до крајот на животот. Житието на овој светец сведочи дека педесет години по неговата смрт на местото каде што почивале неговите мошти бил ставен камен темелник на манастир што го носел неговото име.
Свети Јоаким Осоговски живеел во втората половина на 11-ти век а умрел во почетокот на 12-ти век. Бил наречен Сарандапорски поради местото каде што живеел. Бил многу почитуван за што сведочи и неговата служба датирана во 13-ти век. Манастирскиот комплекс на Јоаким Осоговски бил светилиште на неговиот култ независно од црковните и политичките услови низ кои поминувал осоговскиот крај.
Манастирот Св. Јоаким Осоговски
По повод празникот Св. Јоаким Осоговски, во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник денеска ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.
Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународно поетско читање „Мостови“, вечер, 24 август, на Мостот на поезијата завршува 64-тото издание на Струшките вечери на по...
Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 64-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките ве...
Етно Кампот „Гердан од Бисери“ претставува уникатна можност за младите генерации да се запознаат со македонската традиција преку живо искуство Кампот е вистинска етно-платформа која оваа година по ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.