На денешен ден во 916 година во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј и основоположник на Охридската книжевна школа.Свети Климент се смета за прв словенски епископ во државава со титула Епископ Велички.Роден бил околу 830-840 година.

Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Охрид, Македонија и Македонската православна црква.

 

 

OhridNews