Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните.
Во тој град се појави еден маѓепсник Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младежта во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшебствува. Свети Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а Свети Лав остана неначнат од огнот. Од ова сите што беа замајани од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето. По неговата смрт од неговите мошти потече исцелително миро. Се упокои во 8 век.
Тропар
Угоднику Божји, ревнителу за верата православна, удостоен да бидеш носител на Христовата благодат, со името Господово исцелуваше, губави очистуваше и против прелестите на овој свет храбро истапуваше. Моли се за нас, Христов чудотворче, огнот на страстите во нас да изгасне и пред Бога да се претставиме во одори на спасение.
Извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ ќе се изврши во понеделник, 27 октомври, во 1...
По успешниот старт на новата сезона во Првата лига – мажи, кошаркарите на ГКК Охрид денес го играат својот прв домашен натпревар во сезоната! Во рамките на 2 коло, охриѓани ќе го пречекаат тимот на...
Премиера на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски ќе се одржи денес во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св Апостол Павле“), во големиот амфитеатар ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.