Од Дебарско–кичевската епархија информираат дека на 17-ти Декември, вторник, во манастирот Св. Наум Охридски, со почеток во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преп. Нектариј Битолски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.
На 18-ти Декември, среда, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.
На 19. Декември, четврток, во црквата Св. Никола Геракомија-Варош, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.
OhridNews












