
црква денес го празнува споменот на светиот маченик Нестор, кој со
благослов на Свети Димитрија, го убил гладијаторот Лео.
Со
празнувањето на овој празник во Македонија се поврзани повеќе обичаи и
верувања. Според народното верување во Кумановско овој ден се се смета
за празник на глувците и таму го викаат „глушчов ден“ и тогаш не се
работи за да не го јадат глувци житото и брашното.Според верувањето
тогаш не се буричка во брашното и не се дава заем за да не го
разнесуваат глувците. Истото верување е забележано и во Битолско.
На
овој ден се саделе овошки и лози зошто се верувало дека сигурно ќе се
фатат. Свети Нестор, за свој покровител го имале мајсторите (ѕидарите).
Јасминка Т. Момироска











