Православната црква денеска го одбележува денот кога биле пренесени моштите на Св. Никола во Бари. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител било пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случило пред налетот на исламот на Ликија. Светителот му се јавил во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповедал неговите мошти да се пренесат во тој град. Во тоа време градот Бари бил православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случиле многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се леело од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го вратил видот на слепиот крал Стефан.
Св. Никола Мириклиски Чудотворец е важен лик во христијанската религија. Потекнува од областа Мир во Ликија. Роден е кон крајот на III век, учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој проповедал друго верување.
Доживеал длабока старост и умрел во 343 година. Бил погребан во Мир, а подоцна неговите мошти биле пренесени во Бари Италија во 1087 година.
Покрај овој ден православната црква во чест на Св. Никола го празнува и 19 декември.
Фудбалерите на Охрид ја совладаа екипата на Преспа на гостувањето во Рерсен постигнувајќи резултат од 2:0 Двоен стрелец за екипата на Охрид Лихнидос беше Антонио Каланоски Натпреварот беше одигран...
На 78-годишна возраст почина познатиот охридски новинар и публицист Владимир Ангеличин-Жура Во својата богата професионална кариера Владо Жура бил уредник на Радио Охрид (1961-1975), а потоа уредни...
Во вториот круг на локалните избори своето право на глас денес во Дебрца ќе го остварат 37 болни и изнемоштени лица, додека во Струга 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници Гласањето се ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.