Православната црква денеска го одбележува денот кога биле пренесени моштите на Св. Никола во Бари. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител било пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија.

Св. Никола Мириклиски Чудотворец е важен лик во христијанската религија. Потекнува од областа Мир во Ликија. Роден е кон крајот на III век, учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој проповедал друго верување.
Доживеал длабока старост и умрел во 343 година. Бил погребан во Мир, а подоцна неговите мошти биле пренесени во Бари Италија во 1087 година.
Покрај овој ден православната црква во чест на Св. Никола го празнува и 19 декември.
OhridNews











