Светиот Великомаченик Теодор Тирон живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и Светиот Великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва поради што бил затворен и мачен. Но и во затворот не се уплашил од смртта и пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување и бил погубен на клада во 306-та година. Затоа на овој ден се празнува споменот на Светиот Великомаченик Тодор.
Но, народот празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова сабота, како се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден.
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 август и се слави споменот на Светиот маченик Луп Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски Кога Свети Димитриј беш...
Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј којшто беше од Дванаесеттемина апостоли Свети Тадеј прво го виде и го слушна Св Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господ Исус и Го ...
Свети пророк Самуил живееше околу 1100 години пред Христа Беше родум од местото Рамат, или Ариметеја, и беше дете измолено од Бога од мајка му Ана, која долго време немаше пород На три години таа г...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.