Уличното осветлување во Охрид од денес ќе се активира синхронизирано, односно во исто време на сите улици во градот, најавуваат од локалната самоуправа.

Оттаму информираат дека времето на вклучување на уличното осветлување ќе се помести за половина час, односно во вечерните часови тоа ќе се активира од 17 часот и 45 минути, а наутро светилките на градските улици ќе се гаснат во 5 часот и 45 минути.


Изминатите денови, во вечерните часови можеше да се забележи дека освен на булеварот Туристичка, на останатите улици осветлувањето се палеше во подоцнешните часови, односно дел од улиците во градот до доцна во ноќта беа во мрак.

Од локалната објаснуваат дека причина за тоа бил дефект на електричен столб во близина на трафостаницата во населбата Бејбунар. Дефектот, од страна на екипи од ЕВН, синоќа бил отстранет и состојбата е нормализирана.

OhridNews