Поради честите случаи на кршење и демолирање на светилките на Мостот на желбите, од одделението за јавно осветлување при локалната самоуправа се одлучија за привремено решение- светилките да ги постават повисоко, на самите стени над мостот.


– Во неколку наврати светилките ги заменувавме и поправавме,  но поединци повторно ги кршеа и демолираа. Со цел мостот , низ кој секојдневно минуваат охриѓани и бројни гости кои престојуваат во градот, да биде осветлен се одлучивме на овој чекор, велат од одделението за јавно осветлување.


 Колку оваа мерка ќе ги заштити светилките од агресивното однесување на поединци останува времето да покаже.


Освен светилките, на мета на хулиганите се и металните шипки од оградата на мостот.

OhridNews