Утрешниот голем верски празник Богојавление- Водици ќе започне со свечени литургии кои ќе се служат истовремено, со почеток во 8 часот во сите парохиски цркви во Охрид.

Со свечената литургија во црквата Успение на „Пресвета Богородица- Каменско“, ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско- кичевски, г. Тимотеј.

По завршувањето на литургијата, свечената поворка од оваа црква, на плоштадот кај стариот чинар ќе се сретне со поворката од црквата „Св. Ѓорѓија“ по што ќе продолжат кон градското пристаниште, каде во 10 часот ќе им се придружат и верниците од црквата „Св. Никола- Ѓеракомија“ од каде ќе се носи светиот крст кој во 10.30 минути, од бродот Александрија 2, ќе се фрла во водите на езерото.


Според најновите информации од здружението „Богојавление“, досега пријавени се 600 капачи кои утре ќе се фрлаат по светиот крст. Се очекува нивниот број во текот на денот постојано да се зголемува и да ја достигне бројката од минатата година кога по крстот се фрлаа над 1000 капачи. 

OhridNews