По повеќе од петнаесет минутно барање, за што придонесоа брановите и заматената езерска вода, Јован Бабаче од Варош, беше најсреќниот кој меѓу над 1100- те капачи го фати светиот крст, кој во осветените води на Охридското Езеро од бродот Александрија 2 го фрли Владиката Дебарско – кичевски г. Тимотеј.
Бабаче го фаќа чесниот крст по петти пат.
– Денеска е симболизација на крштевањето на господ Исус Христос. Нема некој посебен да се чувствува, туку на сите да се сподели благодетта.-рече Бабаче.
Интересно е тоа што Јован Бабаче на почетокот не беше меѓу капачите кои скокаа по крстот. Откако увидел дека истиот по подолго барање никој не може да го најде, тој од кејот се упати кон бродот Александрија 2, од каде влезе во студените езерски води и го извади крстот.
-Не планирав да скокам бидејќи го имам фатено крстот повеќе пати, но навистина долго време не го извадија. Јас долго време бев кај Капетанијата пешки отидов до бродот и само што скокнав го “удрив“ крстот, изјави 35-годишниот Бабаче. „Го чекал него“, на шега дофрлија пријателите на Јован.
Инаку Јован Бабаче и пред неколку години го фати крстот во Охридското Езеро, кога исто така по долго барање капачите не можеа да го најдат.
Јован Бабаче од страна на кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски, на подарок ќе добие вреден крст изработен од сребро, злато и дрво, чија вредност се проценува на околу 1000 евра.
На годинашнатата манифестација присуствуваа околу 20 илјади посетители, меѓу кои и бројни гости од другите градови од земјава и соседните држави.
Познатиот бренд SPAR пристигна во Охрид – врвен квалитет, богата понуда и специјални акции Во рамките на Ohrid Mall, на површина од 2500 квадратни метри, охриѓани добија нов, современ маркет ...
Учениците од Општина Дебрца добија бесплатни униформи кои вклучуваат две маици со кратки ракави, две блузи со долги ракави и два дуксери Со ова како што посочува градоначалникот Златко Сиљаноски ре...
На 15102026 во 01 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „СвКлимент Охридски“ во Охрид, повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје кои во група, заедно со нивните професори, се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.