Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 ноември и се слави споменот на Св. маченик Јерон со дружината или св. 33 Мелитински маченици.
Роден е во градот Тијана кападокиска од добра и благочестива мајка, Стратоника, којашто беше слепа. Јерон со голема синовска љубов ? служеше на својата слепа мајка и беше мошне ревносен христијанин. Од овие две причини не сакаше да оди во војска и ги натепа и ги испрати оние што беа пратени да го земат. Му беше жал да ја остави неговата беспомошна мајка и му беше тешко и да помисли дека како војник ќе биде принуден да им се поклонува и да им принесува жртви на идолите. Најпосле заедно со уште некои христијани беше фатен и одведен пред кнезот во Мелитина. Кога беа на пат, една ноќ на Јерон му се јави некој во бела облека и му рече: „Еве, Јероне, ти јавувам за спасението: нема да војуваш за земниот цар, туку наскоро ќе извршиш подвиг за Царот небесен и кај Него ќе преминеш и од Него ќе примиш слава и чест“. Од таа вест срцето на Јерон се исполни со неискажлива радост. Кога стигнаа во Мелитина сите ги фрлија во затвор. Овде Јерон со голема ревност ги утврдуваше во верата затворените, молејќи се никој од нив да не отпадне, но сите да ги предадат драговолно своите тела на маки и смрт за Христа. Пред кнезот сите едногласно ја изјавија својата вера во Господ Христос, само еден роднина на Јерон, по име Виктор, отпадна од верата. На Јерон му ја отсекоа раката, па го биеја и го мачеа со различни маки, дури најпосле заедно со останатите не го убија. Одејќи на губилиште, тие триесет и тројца маченици го пееја псалмот: „Блажени се непорочните што одат по патот на законот Господов.“ Да ги спомнеме по име и овие чесни маченици чиишто имиња се запишани во Книгата на Животот: Исихиј, Никандар, Атанасиј, Мамант, Варахиј, Калиник, Теоген, Никон, Лонгин, Теодор, Валериј, Ксант, Теодул, Калимах, Евгениј, Теодох, Острихиј, Епифаниј, Максимијан, Дулкитиј, Клавдијан, Теофил, Гигантиј, Доротеј, Теодор, Кастрихиј, Аникит, Темелиј, Евтихиј, Иларион, Лиодот и Амонит. Некој Хрисант ја откупи отсечената глава на Јероним и чесно ја погреба, а подоцна над неа подигна црква во името на Свети Јероним. Отсечената рака на маченикот ? ја однесоа на неговата слепа мајка. Свети Јероним со дружината пострада и премина во славата Христова во 298 година.
Тропар
Сила Ти даде на телото човеково о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон Тебе ита. Мелитински маченици од Јерон предводени, со љубов од Бога напоени, поитавте кон Небесните дворови, молете се за оние кои преку вас ќе поверуваат дека маките во овој свет се ништо, споредно со блаженствата на Царството Небесно.
Најновата театарска претстава на Народен театар Охрид „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле охриѓани ќе можат премиерно да ја погледнат во петок, 31 октомври, со почеток во 20 часот Претпремиерата ќ...
По попрвичниот би рекол благ удар ценовен којшто настанува после секое вакво навестување за воведувањето на дополнителни санкции врз извозот на руската нафта ќе се стабилизират нештата затоа што им...
Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритет и државна стратегија Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.