Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 јуни и се слави споменот на Светиот маченик Јулијан Тарсиски.
Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, пострада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на мачење за верата, Свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие. Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мачејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан. А кога намесникот ја фати и ја испрати да го посоветува својот син да се откаже од Христа, таа три дена му го зборуваше на синот во затворот спротивното, влечејќи го и храбрејќи го да не паѓа со духот, туку смело и со благодарност кон Бога да појде во смрт. Тогаш мачителите го зашија Јулијан во вреќа со песок, скорпии и змии, па го фрлија во морето. Мајка му исто така умре маченички. Неговите мошти брановите ги исфрлија на брегот, а верните ги пренесоа и чесно ги погребаа во Александрија, во 290 година. Подоцна тие мошти беа пренесени во Антиохија. Дојде време кога Свети Јован Златоуст одржа пофално слово за Светиот маченик Јулијан: „Од усните на мачениците исходеше свет глас и заедно со гласот се излеваше светлина појасна од сончевите зраци“. И уште: „Земи кого сакаш, избезумен или демонизиран и приведи од нив кај овој свет гроб во којшто лежат маченички мошти и ќе видиш како тој (демонот) веднаш ќе отскокне и ќе побегне како од палежен жар“. Од овие зборови е јасно колку многубројни чуда мора да се случувале на гробот на Свети Јулијан.
По ден пауза, вечерва продолжуваат натпреварите на 51 издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“ На програмата се три средби од групната фаза Први на теренот, од 20:30 часот, ќе излез...
Со драматичните натпревари одиграни синоќа и ноќеска беше комплетирана фазата од 1/16-финалето на Светското првенство во фудбал, по што денеска започнуваат осминафиналните пресметки History for Egy...
Во рамките на Македонското културно лето во Пустец, Република Албанија, Општина Охрид и оваа година беше дел од програмата, претставувајќи го богатото охридско и македонско културно наследство Годи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.