Во времето на Јулијан Отстапник во тракискиот град Доростол живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот Отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна Свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите идоли. Утредента во градот настана ужас. Сите го бараа разурнувачот на нивните богови. Беше фатен еден селанец когошто го видоа тоа утро како минува крај храмот. Кога виде дека ќе пострада невин човек, Емилијан си рече: „Ако го сокријам своето дело, што корист од тоа што го сторив? Зар да се најдам пред Бога како убиец на невин човек?“ Му се пријави, значи, на царскиот намесник и призна с ѐ . Овој разјарен го запраша Емилијан кој го наговори на она дело. Христовиот маченик одговори: „Бог и мојата душа ми заповедаа да ги урнам мртвите столбови што ги нарекувате богови.“ Тогаш судијата нареди да го бијат, а после да го изгорат во оган. Така го заврши својот земен живот Свети Емилијан и се пресели во небесниот на 18 јули 362 година.
Светиот маченик Емилијан
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com
Поврзани вести
11.09.25 09:12
Отсекување на главата на Св. Јован КрстителНа денешен ден Светата православна Црква го празнува споменот на отсекувањето на главата на Св Јован Крстител Свети Јован Крстител или уште како се нарекува Св Јован Претеча живеел во исто време ко...
09.09.25 09:26
Светиот маченик ФануријКој бил и кога живеел овој светител не се знае Многу се почитува на Родос и на Крит Од нашите краишта во Прилеп и Битола Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и ...
07.09.25 07:45
Пренос на моштите на Светиот апостол ВартоломејНа овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни Житие Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните г...