Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 јуни и се слави споменот на Светиот маченик Леонтиј.
Беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „растолит, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се разболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, велејќи: „Ако сакаш да бидеш здрав, возвикни трипати кон небесата ти и сите твои војници: „Боже Леонтиев, помогни ми!“ Ова свое видение Ипатиј им го раскажа на своите другари и тие сите едногласно возвикнаа како што ги посоветува ангелот. Ипатиј одеднаш оздраве. Ова чудо ги восхити сите, а особено некој Теодул. Тогаш Ипатиј и Теодул отидоа напред, да го најдат војводата Леонтиј. А Леонтиј ги прими убаво и ги нагости. Кога им ја изложи својата вера во Христа, нивните срца се разгореа со љубов кон Него, и во тој час светол облак се спушти над Ипатиј и Теодул и од облакот падна на нив роса. Со ова Самиот Дух Божји ги крштеваше новообратените души, а Свети Леонтиј во оној миг ги изговори овие зборови: „Во името на Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух“.
Кога дозна Адријан дека и Ипатиј и Теодул станале христијани, нареди да ги бијат безмилосно, а потоа главите да им ги отсечат со секира. Такво беше кончанието на тие две духовни чеда на Свети Леонтиј. Тогаш Адријан наложи лути измачувања за Леонтиј, но тој остана непоколеблив во својата Света вера. Телото цело му го покрија со рани, но светителот усрдно Му се молеше на Бога да не го остава. Сред најлутите маки му се јави ангел Господов и го охрабри и го утеши. Најпосле го налегнаа маченикот на земја и го тепаа додека не Му го предаде својот дух на Бога.
Страдањето на Свети Леонтиј го виде со свои очи еден кир Нотариј, којшто сето тоа го запиша на оловни плочи, а плочите ги положи во гробот на маченикот. Свети Леонтиј пострада чесно во 73 година.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликац...
Денес со почеток во 11:00 часот на платото пред црквата „Св Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, ќе се одржи свеченото доделување на признанието „Инженерски прстен“ 2026 На свеченоста ќе се...
Времето денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на слаба локална нестабилност Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност Максима...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.