Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 август и се слави споменот на Светиот маченик Мирон, презвитер
Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи. Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри мачителот-судија в лице. Судијата Антипатар како надвор од себе зеде меч и се уби себеси. Најпосле Мирон го одведоа во градот Кизик и таму го погубија со меч, во 250 година.
Тропар
Презвитеру Христов МИроне, оној кој телото твое го соголи, не можеше на душата да напакости, туку слава поголема во Божји очи ти вознесе. Ти, кој златна нарав човечка ја посрами, моли се животот наш да се смири и заштитени од Спасителевата благодат да се спасат нашите души.
Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление – Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на препораките за бе...
Ноќеска во 03:55 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полицијата лишила од слобода 33-годишен жител на охридското село Лескоец Тој управувајќи го своето патничко возило „ауди“ со охридски рег...
Пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Водици, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден Поради важноста на јавувањето на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.