Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа беше обвинет и изведен пред царот на суд.

На заповед на царот не му даваа да јаде ништо, освен од идолските жртвоприноси. Но Јакинт тоа не сакаше да го јаде и за осум дена умре. Стражарите во затворот видоа двајца светли ангели: едниот го покриваше телото на маченикот со својата пресветла облека, а другиот полагаше прекрасен венец врз неговата глава. И сиот затвор стана светол и миризлив. Момчето Јакинт пострада чесно во 108 година.
OhridNews











