Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 ноември и се слави споменот на Светиот пророк Авакум.
Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Ерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор удри на Ерусалим, Авакум се засолни во Исмаилќанската земја, откаде што потоа повторно се врати и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на работниците на нива, кога одеднаш му се јави ангел Господов и му рече: „Однеси го ручекот што го имаш во Вавилон кај Даниил во јамата лавовска.“ А Авакум му рече: „Господи, Вавилон не сум го видел и јамата не знам каде е “ (Даниил 14 – 33). Тогаш ангелот го зеде за косата и моментално го пренесе во Вавилон, на огромна далечина, кај лавовската јама во којашто беше фрлен Даниил од царот Кир, за казна дека не им се поклони на идолите. „Данииле, Данииле, прими го ручекот што ти го праќа Бог!“, возвикна Авакум. И Даниил прими и јадеше. Потоа ангелот Божји повторно го зеде Авакум и го пренесе во Јудеја, на неговата нива. Авакум пророкуваше за ослободувањето на Ерусалим и за времето Христово. Се упокои во длабока старост, а закопан е во местото Кела. Моштите му ги открија во времето на царот Теодосиј Велики.
Вечерта на 31 јануари, сабота, во „Ночолино“ ланџ бар & џелатерија во „Охрид мол“, е резервирана за музички страсти со Ѓоко Танески Еден од највечатливите вокали кај нас во живо ќе ги отпее нај...
Во седиштето на УЕФА денеска беше извршен ждребот за 1/16 финалето од Лигата на шампионите По драматичниот расплет во последното коло од групната фаза и голот на Трубин против Реал на истекот од вр...
Намален буџет за ретките болести и долги процедури за набавка на лекови беа посочени како проблеми на денешната прес конференција по повод почетокот на осмата сезона од Националната кампања „Ги зап...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.