Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 август и се слави споменот на Светиот свештеномаченик Евтихиј.
Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражател на Светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вбројан во Седумдесеттемина апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник ангел. Во затворот примаше небесен леб од ангелот. Кога му го стружеа телото со железо, од него течеше крв со необично благоухано миро. Го фрлаа во оган и на ѕверови, но најпосле го убија со меч во Севастопол.
Тропар
Кадилница на апостолите Јован и Павле, саду Христов миомирисен, Евтихие рамноапостолен, ангел пред тебе патот го отвораме, Духот во тебе Христа Го сведочеше, животот во Христа двоен венец ти донесе, спомни нe и нас во твоите молитви, принесени за спасение на родот човечки.
Изминатиот викенд во новиот Национален центар за спортско стрелаштво во Скопје, се одржа третиот по ред Куп на МССФ на кој учество зедоа сите активни спортски клубови од државата со свои претставни...
Денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), ...
Сезоната 2025-26 во НБА која стартуваше ноќеска, е 80-та во историјата на најсилната кошарксраска лига на светот Стартот го одбележа дербито на западот помеќу Хјусто и шампионот Оклахома која славе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.