Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години.
Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и го победи своето тело. Се хранеше само со леб и зелје и не јадеше ништо заклано и крвно. Во времето на Диоклецијан беше мачен толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и го мачеа единаесет разни мачители. Кога еднаш го удираа по лицето, го плукаа и му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест Дометијане, а не ме мачиш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ Исус Христос и вака Му беа удирани образите, а ти и мене недостојниот со тоа ме удостои“. Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим, царот постави на една страна разни орудија за мачење, а на другата подароци, одликувања, облеки, пари – с? што би можел еден цар да дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на царевите подароци со презир и ги одбра справите за мачење. Беше неискажливо мачен: парче по парче месо му откинуваа од телото, така што коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го убија со меч, во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архиереј служеше литургија. Чудата што ги изврши Свети Климент немаат број.
Тропар
Вистинската Лоза си Ти, Господи Боже наш, Кој Климента го подигна за слава Твоја и спасение на многумина. Небото и земјата ќе поминат, а величието за неговите и Агатангеловите страдања вера ќе зајакнуваат, кај верните кои нивните молитви ги просат, и Тебе Господи Те прославуваат, Кој таква светлина ни покажа на земјава, која грешникот го привлекува и по нивните молитви свети го спасува.
Утре прекин во водоснабдувањето кај корисниците од населбата Црногорци, сЛескоец и сЛакочереј, најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод с...
Прекин во водоснабдувањето денес во Мешеиште поради монтажа и инсталирање на регулатори за притисок и поправка на дефект на водоводната мрежа Како што информираат од Општина Дебрца прекинот ќе биде...
Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат Црвен крст Охрид во соработка со OHRID MALL, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства Волшебните ламп...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.