На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан.
Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи.
Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда.
Каратистите на карате клуб „Кун-су-то” Охрид на карате натпреварот „Трофеј на Македонија” кој во организација на Карате федерација на Македонија се одржа викендов во Скопје, се закитија...
Променливо облачно со повремени сончеви периоди По одделни котлини ќе има услови за појава на магла Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од...
Градоначалникот Златко Сиљаноски најавува побрза и поредовна услуга во населените места со зајакнувањето на возниот парк на претпријатието Во ЈКП „Дебрца“ пристигна второ целосно ново комунално воз...