Светиот великомаченик Прокопиј живеел во време на царот Диоклецијан, а тоа е време на најжестоки прогони на христијаните. Пред да стане христијанин Прокопиј се викал Ненание. Татко му бил христијанин, но мајка му не била христијанка туку верувала во многу богови. И Прокопиј во младоста не бил христијанин туку многубожец, а во службата брзо напредувал и станал александриски војвода.

Преданието раскажува дека заедно со Прокопиј биле мачени и дваесетина девојки затоа што станале христијанки. Прокопиј ги советувал да истраат во верата и во смртта да појдат со задоволство како да одат на свадбен церемонијал.Поради тоа што ги поврзал бракот со христијанската чистина Прокопиј се споменува во црквата при венчавањето.
Според народната етимологија на зборот Прокопија се поврзува со прокопување па во Дебарца се верува дека ако на тој ден се работи облак ќе го прокопа полето.
OhridNews











