Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши. Но како што беше прочуен во Александрија исто така се прочу и во Арабија, па луѓето му прибегнуваа за помош. Кога Јован, тогаш римски офицер во Едеса, слушна за Кир, појде во Арабија за да го види. Кога се видоа се засакаа еден со друг како двајца браќа и останаа заедно да се подвизуваат. Во тоа време мачителите ја мачеа некоја маченичка Атанасија христијанка, со нејзините три ќерки во Каноп. Штом слушнаа за ова Кир и Јован отидоа во Каноп за да ги храбрат мајката и ќерките, та да не отпаднат од верата. И навистина, благодарение на советите на овие светители Атанасија ги претрпе сите маки и заедно со ќерките беше погубена за Христа. Ќерките на Атанасија се викаа: Св. Теоктиста, која имаше петнаесет години, Св. Теодотија на тринаесет години, а Евдокија единаесет години. Тогаш мачителите ги фатија Кир и Јован, па после долги маки и претрпен затвор ги убија со меч, во 311 година. Овие свети маченици извршија безбројни чуда за време на животот и после смртта. Нивните мошти во времето на царот Аркадиј се пренесени во Рим. Се повикуваат на помош особено при несоница, при осветување на вода и на Маслосвет.
Првиот Христов апостол Св апостол Андреј наречен Првоповикан има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и неговиот ден се поврзани малку обичаи и верув...
За време на владеењето на императорот Јулијан Отстапник бил извршен страшен прогон на христијаните Пред ваквата опасност од Никеја во Тивериопол (денешна Струмица) побегнале епископите Тодор и Тимо...
Житието вели дека Св Георгиј е роден во Кападокија, Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители Уште од детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде ш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.