Во црквата бесребреници се нарекуваат лекарите на душите и телата, кои лечеле повеќе со силата на Светиот Дух отколку со помош на лекарската рецептура, и директно ги следеле Христовите зборови: бесплатно добивте, бесплатно давајте. Меѓу нив е и александрискиот христијански лекар и чудотворец Кир, заедно со неговиот подоцнежен соработник, војникот Јован.

Штом слушнаа за ова Кир и Јован отидоа во Каноп за да ги храбрат мајката и ќерките, та да не отпаднат од верата. И навистина, благодарение на советите на овие светители Атанасија ги претрпе сите маки и заедно со ќерките беше погубена за Христа. Ќерките на Атанасија се викаа: Св. Теоктиста, која имаше петнаесет години, Св. Теодотија на тринаесет години, а Евдокија единаесет години. Тогаш мачителите ги фатија Кир и Јован, па после долги маки и претрпен затвор ги убија со меч, во 311 година. Овие свети маченици извршија безбројни чуда за време на животот и после смртта. Нивните мошти во времето на царот Аркадиј се пренесени во Рим. Се повикуваат на помош особено при несоница, при осветување на вода и на Маслосвет.
OhridNews











