Браќа по тело, Персијанци, од татко незнабожец и мајка христијанка. Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот Аламундар. Беа испратени кај царот Јулијан Отстапник да ги водат преговорите за утврдување на мирот меѓу персиското и грчко-римското царство.
Царот Отстапник приреди некаква скверна свеченост за идолите во Халкидон. На таа свеченост царот и големците им принесуваа жртви на идолите. Персиските пратеници отсуствуваа од таа прослава. Царот ги повика и им нареди и тие да земат учество во свеченоста, да им принесат жртви на боговите. Тие тогаш изјавија дека се странски поданици, дека се дојдени како пратеници на царот персиски заради воспоставувањето мир меѓу двете царства, а не за нешто друго; дека се христијани и дека сметаат за недостојно да им се поклонуваат на мртвите идоли и да им принесуваат жртви. Царот се разјари и ги фрли во затвор. Утредента повторно ги изведе и почна да се препира со нив за верата, но светите браќа беа непопустливи и непоколебливи. Тогаш ги врзаа голи на дрвја и ги стружеа со железни четки. Непрестајно за време на мачењето Му се молеа на Бога, благодарејќи Му за маките: „Најсладок Исусе, овие маки ни се слатки заради љубовта Твоја!“ Ангел Божји им се јави, ги утеши и им ја одзеде секоја болка.
Наспроти сите меѓународни односи свирепиот цар Јулијан најпосле изрече пресуда овие тројца браќа да бидат убиени со меч. Кога ги расекоа, настана голем земјотрес, земјата се расцепи и ги прими телата на Светите маченици во себе, за да не бидат запалени од незнабожците по наредба на царот. Отпосле земјата ги исфрли телата на мачениците, па беа најдени и чесно погребани од христијаните. Над нивните мошти се случија многубројни чуда, коишто мнозина од незнабожците што ги видоа ги приведоа кон христијанската вера.
Кога царот персиски дозна дека Јулијан Отстапник нечовечно ги предаде на смрт неговите делегати, спреми војска против него. А Јулијан Отстапник се крена на Персиското царство, уверен во својата победа. Но беше срамнет и поразен, и самиот загина срамно, на радост и за смеа на целиот свет.
Обожавателите и почитувачите на музиката на Владо Јаневски вечерва ќе се соберат во чест на музичката легенда да му оддадат последна почит Настанот, кој започнува во 20 часот, го организира „Прагма...
Турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта 2026“ продолжи со нови возбудувања во групната фаза, а вечерта ја одбележаа убедливата победа на „Охридски Бисер Филеви“ и вториот триумф на „Нова-пор“ ...
Продолжуваат големите изненадувања во елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал 2026, откако синоќа и ноќеска елиминирани беа две европски велесили Мундијалот заврши за Германија и Холан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.