Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и краснозборливост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин.
Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и вршеше многубројни добри дела. Кога пламна некоја расправија меѓу христијаните и незнабожците во Александрија, царот Максимин го испрати Мина да го стивне метежот и да ги истреби христијаните од тој град. Мина отиде и воспостави мир, но се објави себеси како христијанин и мнозина незнабожци ги обрати во вистинската вера со силен збор и многубројни чуда. Кога слушна за ова царот го испрати Ермоген за да го казни Мина и да го задуши христијанството. Ермоген го изведе Мина на суд, му ги отсече стапалата и јазикот, му ги избоде очите, па го фрли во затвор. Во затворот на Мина му се јави Самиот Господ Исус, го исцели и го утеши Својот страдалец. Кога го виде Мина чудесно исцелен, Ермоген се крсти и почна на големо да ја проповеда Христовата вера. Го поставија и за епископ на Александрија. Тогаш разјарениот Максимин самиот отиде во Александрија и ги подложи Мина и Ермоген на големи маки, коишто тие, помагани од Божествената благодат, храбро ги издржаа. Гледајќи ја храброста на овие Христови војници и Божјите чуда што се извршија над нив, пред судилиштето се јави и Евграф, секретар и пријател на Св. Мина, возвикнувајќи му на царот: „И јас сум христијанин!“ Царот збесна, го исука мечот и го уби Св. Евграф. По ова овој нечестив цар нареди да ги убијат со меч и Светите Мина и Ермоген. Нивните свети мошти ги фрлија во морето, но тие на чудесен начин допловија во Цариград, каде што епископот, на кого му се јавија во сон, свечено ги дочека и ги погреба.
Тропар
Велики сте вие, Мино и Ермогене, кои лично Христово присуство во вашите страдања измоливте. Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото стадо кон благодарност спрема Бога го поттикна, и тие тогаш од вас, како и ние денес, молиме да се застапувате за сите кои поверуваа во онаа Вистина која ја проповедавте.
Најновата театарска претстава на Народен театар Охрид „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле охриѓани ќе можат премиерно да ја погледнат во петок, 31 октомври, со почеток во 20 часот Претпремиерата ќ...
По попрвичниот би рекол благ удар ценовен којшто настанува после секое вакво навестување за воведувањето на дополнителни санкции врз извозот на руската нафта ќе се стабилизират нештата затоа што им...
Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритет и државна стратегија Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.