Ако патувате ноќе по патот за Свети Наум и ако  сте пред хотелот “Гранит”, ќе добиете заслепувачко светло и тоа право в очи, од светлечката реклама крај хотелот која е непрописно  поставена  и со силни заслепувачки светла во висина на очите,  што влијае на  безбедноста на сообраќајот, реагираат граѓаните кои секојдневно патуваат по регионалниот пат Охрид – Св. Наум.


Возачите апелираат посочената светлечка реклама соодветно да се постави за да не ја загрозува безбедноста на сообраќајот. Тие изразуваат надеж дека надлежните ќе интервенираат на оваа опасност, како и на други слични светлечки реклами кои се поставени речиси до коловозната лента на патниот правец Охрид – Св. Наум.

OhridNews