Екипи на Одделението за сообраќај деновиве започнаа со поставување светлосни сообраќајни знаци на поризичните крстосници во Охрид.
„Поставувањето на светлосните сообраќајни знаци започна на две локации, на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“ кај Комерцијална Банка, односно на пресекот на улиците „Карпош Војвода“ и „Сирма Војвода“.“ – информираат од општина Охрид.
Оттаму велат дека ваквите сообраќајни знаци ќе се поставуваат и во периодот кој претстои, а локациите ќе се утврдуваат по консултации со стручните лица од СВР Охрид и по барања на граѓаните.
Инаку, поставувањето на светлосните сообраќајни знаци е дел од годишната програма за работа на Секторот за комунална дејност за 2014 година
OhridNews