Во рамки на акцијата „За зелена Македонија 2012“организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт, вчера беше исчистен граничниот премин Ќафасан.


Во акцијата учество зедоа претставници на министерството за животна средина, цариниците и полицајците од граничниот премин Ќафасан и ЈП „Комунално“ од Струга.


Слични акции вчера беа организирани и на повеке локации и гранични премини низ земјата.

OhridNews