Во рамки на акцијата “Сите во акција за Зелена Македонија-2012″,  Ј.П.”Охридски Комуналец” денеска ги чистеше локациите околу сливот на река Грашница – Воска и крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до Холандскиот парк. Во акцијата беа вклучени 30 работници и специјална механизација, а притоа собрани се 4 метри кубни наноси од трска и отпад и околу 110 вреќи со отпад од пластика, најлон и хатртија.

Сепак, од Комуналец сметаат дека проблемот со одржувањето на хигиената на крајбрежниот појас на Охридското Езеро се решава кампањски, а не со точно зацртана стратегија и ингеренции.

-За ова се обративме и до Министерот за животна средина и просторно планирање за издвојување на средства за одржување на плажите кои не се дадени под концесија и приота апелираме до сите надлежни инстанци дека Законот за јавна чистота треба да се спроведува и на плажите кои не се дадени под концесија. Се надеваме дека оваа сезона хигиената на плажите на охридското крајбрежје ќе биде на највисок степен, а за тоа не мораме да ги замараме туристите која плажа под чија ингеренција е, велат од „Комуналец“.

OhridNews