На свет денеска ќе дојде 7-милијардитиот жител.

Пред 2.000 години на Земјата имало 300 милиони луѓе. Првата милијарда е евидентирана во 1800 година, а  драстичен пораст на населението се случува по втората светска војна. Во 1974 година светот имал 4 милијарди жители, а денес речиси двојно повеќе.

Годишно бројот на жители во светот се зголемува за околу 80 милиони луѓе.

Обединетите нации се загрижени за демографскиот раст поради големиот
јаз помеѓу богатите и сиромашните држави, недостигот на храна и енормната експлоатација на природни ресурси. Според проценките на ОН до 2100 година на планетата ќе живеат 10
милијарди луѓе.

OhridNews