Светот на фудбалот ќе добие нов владетел, откако бранителот на трофејот на Мундијалот во Русија, Германија натпреварите ги заврши во фазата по групи. „Панцирите“ во последната решавачка рунда од Ц групата претрпеа недозволив пораз од Јужна Кореја (2-0) и не успеаја да го скршат проклетството кое го следи шампионот на светските првенства.

На Германија ѝ требаше било каква победа на дуелот со Јужна Кореја за пласман во следната рунда, бидејќи во прилог и одеше поразот на Мексико (3-0) од Шведска во преостанатиот дуел од Ц групата. Германците во финишот кога резултатот беше 0-0 фрлија на една карта, а Јужна Кореја со два голови ја казни рискастноста и му ја отвори вратата на Мексико за нокаут фазата.

Шведска заврши како првопласирана во групата, додека Мексико финишираше на втората позиција. „Викинзите“ ќе се сретнат со второпласираниот од групата каде се наоѓаат Бразил, Швајцарија и Србија, додека Мексико со првата репрезентацијата на табелата.

OhridNews