Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, со својата игра против Баер Леверкузен, се погрижи насловите на светските медиуми да бидат наменети за него, а не за големата победа на Барселона од 7:1.
Најтиражаниот германски весник “Билд“
Меси во победата на својот тим постигна пет гола, со што стана првиот играч во историјата на елитното натпреварување кој „активира петарда“ на еден натпревар.
Тренерот на Баер Леверкузен, Робин Дут и’ ја честиташе победата на Барселона, со констатација дека „Меси направил толку многу за Барса да изгледа како да е од некоја друга галаксија“.
Одушевувањето не можеше да го сокрие ниту еден од најдобрите светски напаѓач, Вејн Руни, кој на својот профил на Твитер напишал „Тој едноставно е најдобар“.
Насловната страна на шпанската “Марка“
Комплиментите за Меси пристигнуваат од сите страни, а легендарниот Ривалдо изјави дека „ФИФА на Лео треба да му додели уште еден трофеј за најдобар играч на светот“.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фалкао, напишал дека не му било јасно што гледал во средата навечер. „Дали тоа беше натпревар од Лигата на шампиони или партија фудбал на Плејстејшн? Необјасниво.“
Оценка за играта на Меси даде и италијанскиот интернационалец Енцо Марсека. „Не можам да замислам дека постои некој кој е подобар од него. Пеле, Марадона, Палтини? Тие беа големи фудбалери, но Меси е чудовиште!“.
Насловната страна на италијанската “Газета дело спорт“
Тренерот на Барса, Пеп Гвардиола, Меси го спореди со Марадона и Кројф. „Имам среќа што Лео игра во овој тим и сé што можам да направам е да му создадам услови, во кои тој ќе покаже сé што знае. Нема да видите ништо што е слично на него. Луѓето зборуваат дека Ди Стефани, Кројф и Марадона биле најдобри во свое време, јас велам дека сега тоа е Меси. Тој е на врвот и само тој решава до кога ќе биде таму“, вели Гвардиола.
Со многу енергија, мотивираност и желба за нови успеси, ракометарите на ГРК Охрид ги започнаа подготовките за новата сезона Екипата е со осум нови играчи меѓу кои Филип Талески, Мартин Ивановски, Ш...
Традиционално и оваа година на 2 Август, ќе се одржи 47 Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид Стартот на маратонот ќе биде од...
Шпанија заслужено ја освои светската титула, но финалната пресметка со Аргентина не понуди фудбалски спектакл каков што се очекуваше од дуелот на двете најсилни селекции на планетата, оценуваат вод...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.