Светот каков што го познаваме за 40 години нема да постои, односно целосно ќе се промени, предупредуваат научниците. Ваквата теорија тие ја темелат  на зголемувањето на светското население, недостигот на ресурси и борбата за нив.

Според научните анализи за да се задоволат потребите од храна во следните 4 децении светот ќе треба да обезбеди прехрамбени производи колку што човештвото произвело во последните 8000 години.

Научниците предупредија дека доколку светските влади најитно не преземат мерки и не се промени начинот на производство на храна во 2050-та година ќе имаме планета која нема да ја препознаеме.

OhridNews