Средбата помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, најверојатно ќе се случи во Сингапур, пренесува телевизискиот канал Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори запознаени со подготовките.

Американскиот претседател вчера вети дека за три дена ќе ги објави времето и местото на историската средба, а дотогаш „Белата куќа“ одби да коментира.

Засега како можни локации се споменуваат Сингапур и демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи.