Највозбудливиот и најбогатиот спортски викенд во нашиот град Охрид трчаТ ќе биде промовиран во светски рамки. Викендот исполнет со трчање, забава и уживање во Охрид се најде како топ понуда на специјализираната интернет страна за атлетски настани Worlds marathons.

На интернет страна наменета исклучиво за атлетски маратони активно се промовираат 4 000 настани од 150 земји. Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“, која е организиратор на Охрид трчаТ со овој потег ги проширува границите за пријавување и го промовира Охрид како туристичка дестинација.

Годинава, главниот настан на Охрид трчаТ ќе се одржи на 2 јуни. Ден претходно ќе се подигнуваат стартните пакети, a сите возбудувања ќе се најават со Ноќната трка која е закажан за 31 мај во петок.

OhridNews