Република Македонија од УНЕСКО ќе добие финансиска помош во висина од 100 илјади долари за реализација на втората светска конференција за дијалог помеѓу религиите и цивилизациите, која треба да се одржи во мај следната година во Охрид, соопшти Министертсвото за култура.
Втората Охридска конференција ќе се одржи во рамки на Декадата на Организацијата на Обединетите нации и на УНЕСКО за дијалог помеѓу цивилизациите.

УНЕСКО финансиски ќе ја поддржи организацијата на Втората Светска конференција
за дијалог меѓу религиите и цивилизациите во Охрид
УНЕСКО финансиски ќе ја поддржи и прославата на големите јубилеи – „100 години од раѓањето на Мајка Тереза“ и „50 години од одржувањето на манифестацијата Струшки вечери на поезијата“. За висината на средствата УНЕСКО дополнително ќе одлучи, информираше Министерството за култура.












