Годинешен носител на признанието што го доделува Охридската Академија на хуманизмот е Вида Огњеновиќ, српски книжевник и режисер.
Охридската Академија на хуманизмот од 2007 година ја востанови Светската награда за хуманизам, која се доделува на врвни фигури на светската уметност, според традицијата на Св. Климент Охридски – основоположникот на првата Средновековна школа за хуманизам во Европа.
Меѓу досегашните добитници на наградата се јапонскиот будистички филозоф Даисаку Икеда (2007), португалскиот синеаст Мануел де Оливеира (2008), рускиот писател и нобеловец Александар Солженицин (2009), индискиот композитор, хуманист и филозоф Рави Шанкар (2010) и театарскиот режисер и теоретичар Питер Брук (2011).