На овој еминентен собир кој добива се поголемо значење на Балканот давајќи и на Македонија водечка улога во оваа област, ќе бидат презентирани 450 комплетни трудови од над 60 земји.
Организатори на BALWOIS Конференцијата се Балканскиот Институт за вода и животна средина од Франција, Градежниот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј од Скопје, Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје и Метеоролошкото здружение на РМ и МЕТЕО МАК. BALWOIS е подржана од Француското Министерство за животна средина, Француската амбасада во Скопје, Меѓународната асоцијација на Хидролошки науки и Европската Метеоролошка Асоцијација.
Свеченото отварање на Конференцијата ќе биде збогатено со Детски ликовен хепенинг, на кој ќе присуствуваат 50-тина ликовно надарени деца, кои своите ликовни творби ќе ги реализираат на темата поврзана со работата на Конференцијата, односно: водите, климата и животната средина, што ќе биде уште еден апел за акитивирање на младата популација во грижата и заштитата на нашата планета.