Пливачи од пет континети ќе ги брануваат водите на Охридското езеро на 26. Меѓународен Охридски пливачки маратон кој на 19 август ќе се одржи во Охрид.

Покрај неприкосновениот Петар Стојчев кој десет пати победуваше на патеката “Климе Савин“ пријавени се уште 29 пливачи од 12 земји, меѓу кои и водечките во генералниот пласман аргентинецот Дамјан Блаум, a тука ќе бидат и најдобрите тројца Андреа Волпини од Италија и Трент Гримси од Австралија.

Македонската експедиција која на овој маратон брои шест члена ќе ја предводи “бронзениот“ од ланското издание Евгениј Поп Ацев. Иако првенствено пријавен, својот настап поради повреда го откажа минатогодишниот вицепрвак Томи Стефаноски. Покрај Поп Ацев ќе пливаат уште, Александар Илиевски, Дејан Младеновски и Александар Панчевски, Миро Крстевски и Тороманоски Александар.

И годинава нема да има македонска преставничка во женска конкуренција. Последната македонка која пливала и триумфирала на Охридскиот пливачки маратон е Теодора Раптис во 1992 година.

Годинава трката во женска конкуеренција ќе има нов победник, откако бранителот на титулата од 2010 и 2011 година Карла Ситиќ од Хрватска, не го пријави своето учество.

Стартот на трката е закажан за недела од 12 часот во Св Наум, а целта е на градското пристаниште. Рекордот на 30 км долгата патека го држи Словенецот Иван Мајцен постигнат во 2000 година.

Традиционалниот Охридски пливачки маратон, 7-ти и последен во Гранд При 2012 серијата на Меѓународната пливачка федерација, ќе се одржи под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. 

М.П.