Ракометарите на Атлетико Мадрид освоената титула на ИХФ Супер Глоуб ја посветија на фамилијата на македонскиот капитен Кирил Лазаров. Ноќта на денот на одигрувањето на финалето, до нив стигна информацијата за смрта на таткото на Кирил.
– Откако ја добивме трагичната вест за смртта на таткото на Кирил Лазаров минатата ноќ, тоа беше тежок удар за нас. Но моите играчи беа одлични и секогаш е задоволство да се победи против првакот на Лигата на Шампионите . На крајот не спасуваше Хозе Омбрадос, кој ни даде стабилност и ние можевме лесно до гол од контра-напади. – Талант Душебаев, тренерот на Атлетико Мадрид.
– Ова беше тежок натпревар. Прво тоа беше тешко да се браниме против Кил, а подоцна испадна дека одбраната беше клучот. Тоа беше силен турнир за почеток на подготовките за следната сезона. Ние го посветуваме овој трофеј на на таткото на Кирил Лазаров – потенцираше Хозе Омбрадос.
Ракометарите на Атлетико Мадрид, го заокружија одличниот викенд за овој клуб, откако фудбалерите со 4-1 го совладаа Челси во европскиот Суперкуп.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com