Секој четврти смртен случај во Европа е резултат на заболување од рак, предупредуваат здруженијата за борба против ракот. Според испитувањата процентот на заболени од рак во Европа е исклучително висок, а опасност од заболуваљње од оваа тешка болест постои кај секој трет жител на Европа.

Овие алартмантни податоци ги соопшти македонското здружение за борба против ракот „Борка“, по повод 4 февруари-Светскиот ден на борба против ракот.

Експертите објаснуваат дека бројот на заболени од рак нво Европа може да биде намален за половина, но според нив за тоа е потребна широка општествена акција. Тие апелираат до владите на европските држави да преземат активности за превенција и рана дијагноза на ракот со цел намалување на екстремно високиот број на смртни случаи од оваа болест.

Европската унија ја постави оваа тема како приоритет на сите земји членки на Унијата, како и на земјите кандидати за членство, а Европската парламентарна комисија за здравство и животна средина усвои Резолуција за борба против рак која треба  да биде ратификувана во сите земји членки на Унијата.

ohridnews