Светски ден на борба против СИДА-та. Во Охрид не е регистриран ниту еден случај на СИДА
01.12.08 10:30
Во светот денеска се проценува дека 33 милиони луѓе се инфицирани од ХИВ вирусот. Во Македонија од 1987 година до денеска се регистрирани вкупно 111 инфицирани од ХИВ вирусот, од кои 60 починале. Во 2008 година се регистрирани осум нови случаи. Во Охрид според Заводот за здравствена заштита не е регистриран ниту еден случај на СИДА. Меѓу заболените најбројна е сексуално активна популација од 23 до 40-годишна возраст, пред се машкиот пол. Во најголем дел болеста се пренесува преку хетеросексуален начин.
Светскиот ден на борба против Сидата -1 Декември, светот започна да го одбележува пред 20 години. Годинава тој се одбележува под мото „лидерство“, како повик до поединците, организациите и владите да преземат водство во справувањето со СИДА-та. Централната свеченост по повод светскиот ден на борба против СИДАТ-та во земјава ќе се одржи во Скопје, а со низа активности на Црвениот крст тој ќе биде одбележан и во Охрид. Волонтери на општинскиот Црвен крст попладне на повеќе локации во градот ќе делат едукативни материјали и презервативи со што и Охрид ќе се вклучи во глобалната кампања за борба против СИДА-та.
Картите за 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знак на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор, во ограничен број, ќе бидат п...
Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св Наум, се одвиваше по една коловозна лента, информира Автомото сојузот ...
Утрово во Охрид беше магловито Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност Во вечерните часови наместа ќе има појава на магла Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од сев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.